Реал Мадрид ќе добие попуст од 30 милиони евра за Белингам?

Прашање на време е кога ќе биде и официјално реализиран трансферот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид. Англичанецот веќе ги има договорено личните услови со “кралскиот“ клуб, а сега останува уште да се договорат клубовите.

Се шпекулираше дека Реал Мадрид ќе плати 150 милиони евра за Белингам, но сега таа сум е помала за 30 милиони евра и се очекува конечната сума за преминот на репрезентативецот на Англија од Германија во Шпанија да изнесува 120 милиони евра.

За Белингам имаше голем интерес и од Манчестер Сити и Ливерпул, но тој сепак се одлучи да продолжи во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести