11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Реал Мадрид ќе го задржи Менди до 2027 година

Европскиот првак Реал Мадрид ќе го обнови договорот со Ферлан Менди, објави „Марка“. Сегашниот договор на играчот е до крајот на претстојната сезона, но тој ќе биде продолжен до летото 2027 година со опција за уште една дополнителна година, што ќе зависи од бројот на одиграни натпревари.

Договорот на Менди официјално ќе биде објавен по враќањето на Реал Мадрид од турнејата во САД.

Тој беше дел од составот на Франција на ЕВРО 2024, иако остана на клупата во сите натпревари и не влезе на теренот.

- Оглас -

Најнови вести