Реал Мадрид ќе оди ослабен и во истанбулскиот пекол

Лука Модриќ, Герет Бејл и Лукас Васкес нема да бидат во експедицијата на Реал Мадрид која ќе замине во Истанбул, каде што во вторник ќе му се спротивстави на Галатасарај во многу важен дуел од Лигата на шампионите. Овие тројца фудбалери ги немаат залечено повредите поради кои не играа ниту против Мајорка. Модриќ и Бејл се повредија играјќи еден против друг на мечот од квалификациите за Евро 2020.

Добра вести за Реал е дека во Истанбул, тренерот Зинедин Зидан ќе може да смета на Тони Крос, Даниел Карвахал и Еден Азар, кои не настапија во Мајорка.

Реал и Галата имаат само по еден бод по две кола, победата им треба и на едните и на другите, особено на 13-кратниот првак, и ако загубат, може да има големи потреси во клубот.

- Оглас -

Најнови вести