Реал Мадрид повеќе од една година не игра на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“, кој се реновира. Фудбалскиот дом на Кралскиот клуб ќе се реновира барем до октомври и во овој период ќе биде затворен за играње, па според весникот „Марка“, можно е да се случи Реал да игра како домаќин на стадионот на Атлетико Мадрид.
Кралевите целата измината сезона ја одиграа на стадионот „Алфредо ди Стефано“, кој собира само 5.000 гледачи, што е премалку, посебно ако се знае дека првично ќе биде дозволена делумна исполнетост на стадионите.
Стадионот „Ванда Метрополитано“, кој е дом на Атлетико Мадрид, е нов и модерен, а според претпоставките, дури и да биде дозволена делумна исполнетост, ќе може да има помеѓу 20.000 и 30.000 гледачи. Од Реал побараа и прилагодување на новиот календар од сезоната што следува и побараа во првите неколку кола да играат како гости.