Лука Модриќ ја игра својата последна сезона во дресот на Реал Мадрид затоа што клубот не планира да му го продолжи договорот, иако Хрватот сака да остане и се согласил на 50 проценти помала плата од сегашната.
Оваа информација ја објави „Релево“, но ја нема во најпознатите спортски весници „Марка“ и „Ас“, кои се одлично информирани, па треба да се земе со резерва.
Според „Релево“, Реал ќе му приреди свечено испраќање на Модриќ на последниот домашен меч сезонава на 25 мај против Бетис. Клубот не сакал да му го продолжи договорот затоа што сметале дека помладите треба да добијат поголем простор за игра, особено Арда Ѓулер, кој покажа дека е екстра талент.
Доколку Лука си замине од Кралскиот клуб, дресот со бројот 10 ќе го добие Килијан Мбапе, со што би му се исполнила желбата на Французинот кој треба да потпише летово и да биде огромно засилување.