Реал Мадрид добива засилување од ПСЖ

Адриен Рабио, фудбалерот на Пари Сен Жермен, од следната сезона ќе игра во дресот на Реал Мадрид. Ова го тврдат француските медиуми, кои пишуваат дека Рабио го одбрал Кралскиот клуб за следен предизвик.

Играчот за врска сезонава е во немилост на тренерот на „светците“, Томас Тухел, и почесто е на клупата за резерви отколку на теренот. Токму поради тоа, играчот кој вчера наполни 24 години одби да го продолжи договорот со ПСЖ и ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Последниот меч за ПСЖ, Рабио го одигра во декември, а сезонава вкупно настапи само на 14 средби. Иако неколку месеци е надвор од теренот, за него се интересираат речиси сите поголеми екипи, но тој сака да игра за Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести