Реал Мадрид по Алаба сака да му украде уште еден играч на Баерн, го мерка „недопирливиот“ 

Актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид со голем интерес ја следи ситуацијата околу фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис.

Проблем за „кралскиот клуб“ претставува податокот дека Дејвис со германскиот тим има договор до 2025 година, а згора на тоа челниците на Баерн Минхен, немаат намера да го продадат Канаѓанецот за ниту една цена.

Реал во минатото успевал да донесе фудбалери од Баерн, последен е Давид Алаба во 2021 година, но само кога самите играчи не сакале да го продолжат договорот поради што германскиот тим бил принуден да ги продаде.

Ситуацијата со Дејвис според шпанскиот новинар Хозе Феликс Дијаз, е поинаква и може да се спореди со таа што ја имаше Роберт Левандовски во 2018 година. Полјакот очајнички сакаше да си замине од „Алијанц Арената“ и да се пресели во Шпанија, но Баерн не му дозволи бидејќи имаше уште четири години од актуелниот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести