Реал Мадрид побара да не игра на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид упати барање до челниците на шпанската Ла Лига во првите три кола од новото првенство да играат на гостински терен. Ваквото барање на Кралскиот клуб е поради реконструкцијата на легендарниот „Сантијаго Бернабеу“. Летово се планира отстранување на еден од столбовите на аголот на стадионот за да може да се монтира целосен кров.

Реконструкцијата се планира да трае три и пол години, а најкомплицираните зафати ќе бидат во летниот период. Во Реал се надеваат дека ќе им биде дозволено во првите три меча од првенството да играат како гости, како што беше тоа направено во случајот со Атлетико Мадрид, кога се довршуваа работите на „Ванда Метрополитано“.

Ждрепката за новата сезона во Ла Лига е на 4 јули, па не би требало да биде проблем Реал во првите три кола да игра на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести