Реал Мадрид победи на „Сантијаго Бернабеу“ за крај на 2022 година

Реал Мадрид се намачи на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот успеа да го победи Кадис со 2:1. Со оваа победа, Кралскиот клуб дојде до 35 бодови и сега има само два помалку од лидерот Барселона.

За Реал Мадрид ова беше последен меч пред своите навивачи во 2022 година. Интересно е дека следниот меч Реал на свој терен ќе го игра дури на 29 јануари 2023 година, кога ќе му гостува Реал Сосиедад.

Против Кадис, Едер Милитао погоди за водство од 1:0 во 40-тата минута, а Тони Крос зголеми на 2:0 во 70-тата минута. Делуваше дека Реал мирно ќе го приведе мечот кон крајот, но во 82-рата минута Перес погоди за Кадис и намали на 1:2. Сепак, гостите немаа време за уште еден погодок и на крајот фаворитот ги освои трите бода.

- Оглас -

Најнови вести