Реал Мадрид летово направи неколку одлични трансфери, а врвот беше доведувањето на Килијан Мбапе, и тоа како слободен играч, откако му истече договорот со Пари Сен Жермен. Иако оваа сезона само што започна, Кралскиот клуб веќе прави планови за следното лето.
Според шпанскиот весник „Ас“, Реал подготвува тактика како да го доведе Родри на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанскиот репрезентативец, кој важи за еден од најдобрите играчи за врска, треба да биде замена за пензионираниот Тони Крос, но и за Лука Модриќ, кој сега ја игра последната сезона во шпанскиот гигант.
Родри би можело да биде клучниот играч во новата генерација на Реал. Неговиот трансфер од Сити се проценува дека би бил 130 милиони евра. Кралскиот клуб и сега има одличен среден ред со Камавинга, Валверде, Белингам и Ѓулер, но секако дека играч како Родри би било екстра засилување.
Токму Родри беше еден од клучните играчи во шпанската репрезентација која летово во Германија стигна до европската титула. По завршувањето на турнирот, Родри беше прогласен за најдобар играч, односно ја доби МВП наградата.