Реал Мадрид после пауза од четири години го освои кошаркарскиот Куп на Шпанија

Кошаркарите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 96-85 и дојдоа до трофејот од кошаркарскиот Куп на кралот. За „кралскиот“ клуб ова е 29-ти трофеј од ова натпреварување и сега имаат два повеќе од најголемиот ривал.

Реал Мадрид дојде до трофејот со одличната игра во финишот од мечот против Барселона, откако долго, се до две минути пред крајот се играше израмнето. На 100-тина секунди пред крајот, Реал дојде до високи +12, предност што знаеше како да ја сочува до крајот.

Кампацо со 18 поени беше предводник на победничката екипа, додека во поразениот состав се истакна Паркер со 19 поени.

- Оглас -

Најнови вести