Реал Мадрид се срами од својот женски клуб

Реал Мадрид летово за 300.000 евра реши да го купи женскиот фудбалски клуб Такон, ангажираа неколку ѕвезди на светскиот фудбал, но тоа е недоволно, што се виде кога загубија од Барселона со катастрофални 1-9.

Сезонава тимот во бели дресови ќе настапува под името Такон, а од следната сезона ќе се прекрсти во женски фудбалски клуб Реал Мадрид. Екипата како домаќин игра на тренинг-центарот „Валдебебас“, каде што мажите од првиот тим на Реал тренираат, а до неодамна на дресовите го носеа и логото на славниот клуб.

Сепак, на последниот меч на Такон, во победата од 3-0 над Спортинг Уелва, на дресовите го немаше амблемот на Реал. Дали тоа е привремено или така ќе остане до крајот на сезоната, ќе покаже времето.

- Оглас -

Најнови вести