Реал Мадрид со најдобриот штит против Борусија Менхенгладбах – Капитенот се враќа во вистински момент

Серхио Рамос тренираше со полн капацитет и ќе биде во комбинација за настап против Борусија Менхенгладбах задутре, во клучниот меч на Реал за пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Капитенот на најтрофејниот европски клуб се повреди на настапот за шпанската репрезентација против Германија на 17-ти ноември и оттогаш нема играно.

Историската победа од 6:0 на Црвената фурија беше кобна за капитенот на Реал Мадрид, кој беше заменет во финишот на првото полувреме поради повреда на тетивата.

Рамос не играше за Реал Мадрид на дуелите со Вилјареал, Алавес и Севилја во Ла Лига и против Интер и Шахтар во Лигата на шампионите, но се враќа во редовите токму навреме за клучниот меч со Борусија Менхенгладбах.

Германскиот тим е лидер во групата Б со 8 бода, пред Реал и Шахтар со по 7 бода и Интер со пет. Сите четири екипи имаат шанса за пласман во нокаут-фазата, а за сигурен пробив во осминафиналето на Реал му треба победа против Борусија на свој терен задутре од 21 часот.

Според одредени калкулации, и двете екипи можат да одат понатму и со реми, ако Интер го победи Шахтар во Милано.

 

- Оглас -

Најнови вести