Реал Мадрид вечер игра дома, па цели 80 дена нема да стапне на својот „Сантијаго Бернабеу“!

Екипата на Реал Мадрид вечерва од 21.30 часот е домаќин на Кадис во меч од шпанската Ла Лига, а потоа цели 80 дена на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ нема да има натпревари и паузата ќе биде искористена за засилување на градежните работи околу реновирањето, по кое мадридскиот храм на фудбалот треба да биде еден од најмодерните стадиони на светот.

Денеска е 10 ноември, а до следниот меч на „Бернабеу“, на 29 јануари, кога ќе гостува Реал Сосиедад, има дури 80 дена.

Причини за толку големата пауза се Светското првенство и Суперкупот на Шпанија. Од 20 ноември до 18 декември ќе се игра Мундијалот во Катар, а пред Нова година, Реал ќе треба да му гостува на Валјадолид. И на првиот меч во 2023 Реал гостува кај Вилјареал. Потоа требаше да игра дома со Валенсија, но тој меч е одложен и ќе следува следува Суперкупот на Шпанија, каде што Реал ќе игра со Валенсија, но во Ријад, Саудиска Арабија, па следува лигашко гостување кај Атлетик Билбао.

Затоа Кралскиот клуб вечерва ќе треба да се прости од своите фанови кои нема да ги види два и пол месеци. Кадис во претходните две сезони не примаше гол од Реал во Мадрид, а на Реал вечерва му треба победа за да не дозволи Барселона за време на СП да има 4 или 5 бода предност на табелата, туку само два.

- Оглас -

Најнови вести