Повредата на првиот напаѓач Винисиус жуниор ја натера управата на Реал Мадрид да се активира на трансфер-пазарот и замената за Бразилецот најверојатно ја пронајде во Бундеслигата.
Шпанскиот портал „Спорт“ објави дека управата на Реал Мадрид размислува на позајмица до крајот на сезоната да го донесе Тимо Вернер од Ред Бул Лајпциг.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1726589963267952958?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1726589963267952958%7Ctwgr%5E008f84f2efc5a687098c023bf72d37f7078434fd%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportskacentrala.com%2F2023%2F11%2F20%2Fzvezdin-rival-privlacan-velikanima-real-pronasao-zamenu-za-povredenog-brazilca%2F
Вернер минатото лето се врати во германскиот тим од Челзи, каде што не се снајде, а сезонава одигра само 13 натпревари и веќе најави дека сака да си замине. Се чини дека шестмесечна позајмица во Реал Мадрид е повеќе од извесна.