Реал Мадрид заборави како е да се загуби од Панатинаикос

Кошаркарите на Реал Мадрид ја извојуваа својата деветта победа по ред во меѓусебните дуели против Панатинаикос и се задржаа на првото место на табелата во Евролигата, кое го делат со Анадолу Ефес, а утре може да им се придружи и Барселона.

Со победата во Атина од 87-75, Реал се изедначи со Панатинаикос како две најефикасни екипи сезонава во Евролигата, а само три поени помалку има Ефес.

Оваа вечер во Евролигата почна со победа на ЦСКА Москва над Армани Милано од 78-75, потоа Ефес доминираше против Макаби со 99-79, Алба ја разби Басконија со 81-57, а Асвел Вилербан по третата четвртина направи 17 поени разлика против Химки, но Русите експлодираа и при 88-90 имаа напад, а Крис Крамер, кој беше фаулиран, утна две слободни фрлања пред Асвел да даде два пенали за 92-88.

- Оглас -

Најнови вести