Гранада примаше и деветки на „Сантијаго Бернабеу“, денеска ќе даде гол против Реал

Фрајбург – Борусија Дортмунд (15.30 часот)

Фрајбург има неочекувано добар старт во Бундеслигата и по шест кола е во групата од пет екипи со 13 бода, само еден помалку од лидерот и актуелен шампион Баерн Минхен.

Денеска ќе имаат вистински тест на можностите против вицешамоионот на Германија, Борусија Дортмунд. Шанса за Фрајбург покрај добрата форма е и заморот кај гостите, кои играат во пеколно темпо на два фронта, во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Борусија сепак има поквалитетен состав, многу поголем избор на играчи и е голем фаворит за победа против Фрајбург. Тука треба да се почитува и традицијата, која покажува дека Фрајбург е еден од омилените ривали на „милионерите“. Борусија има неверојатни 16 меча по ред без пораз од денешниот ривал, а серијата почна во 2010 година со триумф од 2:1 на „Шварцвалд“ арената во Фрајбург и се состои од 14 победи и две нерешени.

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.65)

 

Ливерпул – Лестер (16 часот)

Ливерпул е во топ-форма и е единствениот тим со максимален учинок во Премиерлигата, но на гости му доаѓа опасниот Лестер.

Лисиците со игрите и резултатите потсетуваат на походот во сезоната 2015/16 кога ја освоија единствената титула во Англија.

Лестер повторно игра атрактивно, напаѓачки, а ќе биде интересно да се види со каква тактика Брендан Роџерс ќе му се спротивстави на својот поранешен клуб Ливерпул.

Црвените сепак имаат подобар состав од Лестер, иако за нив Варди и соиграчите се незгоден ривал и знаат да ги победуваат. Ќе типуваме дека серијата победи на Ливерпул по овој меч ќе стаса и до осмица во Премиерлигата.

Предлог тип: 1&3+ (2.20)

 

Норич – Астон Вила (16 часот)

Тему Пуки застана и веднаш Норич има проблеми, па се нанижаа два порази по ред. Финецот постигна шест гола на почетокот на новата сезона, прва по долг период за Норич во Премиерлигата и е вистинско откровение.

Од него зависат многу работи кај новиот прволигаш, а денеска противник ќе им биде ланскиот ривал од Чемпионшип лигата.

И Астон Вила се мачи во елитното друштво, има само пет бода, еден помалку од Норич по седум одиграни кола. Бодовите денеска се бројат двојно, бидејќи според досегашните игри и квалитетот на двете екипи им следи грчевита битка за опстанок.

Лани во трката за промоција Норич беше посупешен и двапати ја победи Астон Вила со по 2:1 и потоа стана и шпампион во Чемпионшип, а некогашниот европски првак преку баражот успеа да стане Премиерлигаш.

Традиционално во меѓусебните дуели играат ефикасно, па ќе типуваме нов нивни дуел со доста голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.73)

 

Реал Мадрид – Гранада (16 часот)

Реал Мадрид и Гранада неочекувано ќе го играат дербито на осмото коло во Ла Лига, како прво и второпласирани екипи. За кралскиот клуб тоа е позицијата што му прилега, а Гранада е хит во шпанското првенство.

Ја победија и Барселона на домашен терен, а дека се и опасни на гостински терен покажаа со убедливи триумфи против Селта и Еспањол. И дека ќе имаат одличен настап како нови прволигаши најавија уште на стартот од шампионатот, кога покажаа и силен карактер во дуелот со Вилјареал. Губеа на премиерата во Ла Лига со 2:4, но не се предадоа и ја шокираа „жолтата подморница“ со два гола во финишот,з а стартно реми, 4:4.

Против Реал имаат неколку исклучително лоши резултати и тешки порази. Последните два меча ги загубија со 0:4 и 0:5, имаат 8 порази во серија против најтрофејниот шпански клуб и еден неверојатен дебакл. Во април 2015 година на „Сантијаго Бернабеу“ Реал им оддржа фудбалски час и ги потопи со 9:1. Тогаш блескаше Кристијано Роналдо со 5 гола, па сега Гранада може малку и да здивне, бидејќи ќе го нема ЦР 7.

Домаќините имаат кадровски проблеми и покрај веќе подолго отсутните Асенсио и Марсело, нема да игра и Начо, а на голот ќе го нема Куртоа. И кај Гранада има неколку играчи чиј настап е неизвесен, но гостите имаат квалитетни замени и фудбалери пто моѓат да ја затресат мрежата на Алфонс Ареола.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.85)

 

Џенова – Милан (20.45 часот)

Вечерва на „Луиџи Ферарис“ ќе се игра за бодови кои ќе значат бегство од долниот дел на табелата. Горан Пандев повторно ќе биде резерва, а веројатно пак како што е вообичаено ќе добие шанса да игра во финишот на мечот со гигантот Милан.

И двете екипи се во пад, Џенова има четири меча без победа, а Милан нареди три порази. Ова е меч што ќе ја одлулува и судбината на гостинскиот тренер Марко Џампаоло. Никој не успеал да преживее серија од четири порази на кормилото на Милан, па ако гостите загубат тренерот ќе биде сменет, иако и со триумф не му е сигурна позицијата.

Џенова има лош биланс против Милан и е без победа на последните четири меча, па и домаќините немаат простор за калкулации.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.55)

 

 

- Оглас -

Најнови вести