Реал му стана ноќна мора на Ливерпул, Манчестер сити не губи од германски екипи

Во осминафиналето во Лигата на шампионите ждрепката сакаше да се играат две спектакуларни пресметки, и тоа меѓу Реал Мадрид – Ливерпул и ПСЖ – Баерн Минхен и тие дуели ќе бидат во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Во нокаут-фазата, пласман обезедија најдобрите 16 екипи во ЛШ и сите имаат свои математики за претстојните дуели, кои ќе се играат во февруари и март идната година.
Реал Мадрид и Ливерпул играа во минатогодишното финале во ЛШ и Кралскиот клуб славеше со 1:0, а овие два тима исто така играа и во финалето во 2018 година, кога исто така славеше шпанскиот тим, овој пат со 3:1.

Баерн Минхен и ПСЖ пак играа во финалето во 2020 година, кога во Лисабон победи германскиот тим со минимални 1:0.

Манчестер сити, кој е голем фаворит во дуелот со Лајпциг, ги има и бројките на своја страна. Граѓаните во последните 17 меча против германски екипи имаат учинок од 14 победи, 2 ремија и само еден пораз. Интересно е што поразот е токму од Лајпциг во 2021 година, и тоа во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести