Реал најде играч за врска во Лисабон?

По неуспешните напади по потписите на Пол Погба и Кристијан Ериксен, Реал Мадрид се насочи кон одличниот играч за врска од Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш. Португалскиот репрезентативец има намера да ја напушти родната земја ова лето, а претходно му пропадна трансферот во Манчестер јунајтед.

Според одредени португалски медиуми, Кралевите веќе воспоставиле контакт со Спортинг, кои, пак, ставија цена на својот фудбалер од 70 милиони евра. Сепак, истите шпекулации велат дека Реал ќе се обиде да добие попуст за најефикасниот играч на Лавовите од минатата сезона.

До преодниот рок остануваат уште десетина дена, што значи дека шпанскиот гигант ќе мора брзо да ги реши преговорите и да доведе уште едно квалитетно засилување.

- Оглас -

Најнови вести