Реал не го продава Валверде ниту за 90 милиони евра, сè уште е загатка кој англиски клуб испратил понуда

Феде Валверде не е за продажба, истакнаа челниците на Реал Мадрид, а шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб одбил понуда од 90 милиони евра за 24-годишниот играч за врска.

Сè уште е загатка, односно не се знае кој клуб испратил таква понуда до Реал Мадрид, а се знае само дека е од Англија.

Уругвајскиот репрезентативец дојде во Реал во 2016 година од редовите на гигантот Пењарол и во последните две-три сезони игра одлично и сè почесто е и стандарден член на првата постава на актуелниот шпански и европски првак.

Се проценува дека неговата вредност е околу 70 милиони евра, но Реал одбил понуда од 20 милиони евра плус, односно неверојатни 90 милиони евра во овој преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести