Реал не го доби тоа што го сакаше, Сити со петарда во Лисабон го откажа Спортинг

Реал Мадрид не го доби тоа што го сакаше според играта која ја прикажа, шпанскиот тим одеше на 0-0 на гостувањето кај Пари Сен Жермен и за малку ќе успееше бидејќи во 94-тата минута Килијан Мбапе даде гол за победа на ПСЖ од 1-0.

Сепак, реваншот во шпанската престолнина ќе одлучува за патникот во следната фаза. Голем проблем за Реал ќе биде неиграњето на цврстите Касемиро и Ферлан Менди, па одбраната ќе им биде значително ослабена.

Тибо Куртоа му одбрани пенал на Лионел Меси и беше најзаслужен што Реал не прими повеќе од еден гол.

Манчестер сити со 5-0 го декласира Спортинг во Лисабон и ги реши сите дилеми околу патникот во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести