Реал не може да одигра два добри меча за три дена, му се случува потоп

Победата на Реал Мадрид над Барселона како да залажа многумина дека Кралевите излегоа од кризата. Дека розите не им цутат и дека не може да врзат две добри игри по ред за три дена, се потврдува вечерва. Реал губи со 0-2 од Борусија Менхенгладбах и на 20 минути до крајот е пред испишување на негативна историја.

Реал Мадрид никогаш порано во 65 сезони натпреварување во европските купови не загубил четири меча по ред. Маркус Турам со два гола најавува дека Менхенгладбах воопшто не е аутсајдер во оваа група со Реал, Шахтар и Интер, иако Германците беа во последниот шешир при ждрепката.

Ако Реал загуби, ќе има проблем да се пласира во осминафиналето. Само 8,8 проценти од тимовите кои тргнале со два порази, успеале да ја минат групната фаза. Следните два меча на тимот на Зидан се против Интер.

- Оглас -

Најнови вести