Реал нема дерман од Барселона, трет пораз по ред во баскет Ел Класико

Барселона повторно го победи Реал Мадрид, третпат по ред во кус период и во три различни натпреварувања. Вечерва во меч од шпанското првенство гостите беа подобри и славеа со 82:76.

Претходно, во контроверзен меч во финалето на Шпанскиот куп, Каталонците го победија Реал и ја освоија круната, а потоа победија во кошаркарското Ел Класико во Евролигата.

И вечерва во Мадрид беа подобри, а Томас Ертел беше лидер кај гостите и најефикасен со 15 поени. Таков ефект имааше и Џејси Керол кај домаќините.

За Барселона ова беше 20-та победа во најсилната шпанска лига во 24 натпревари и Каталонците се лидери пред вечниот ривал. Реал Мадрид сега има скор од 18-6.

- Оглас -

Најнови вести