Реал нема доволно играчи за тренинг, па Зидан го повика и најмладиот син

На денешниот тренинг на екипата на Реал Мадрид, која се подготвува за саботното гостување кај Валјадолид, се појави и Тео Зидан, 18-годишниот најмлад син на тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Популарниот Зизу мака мачи околу составување на тимот бидејќи Реал има голем број повредени фудбалери, па Французинот е принуден на тренинзите и мечевите да користи младинци од Кастилја (Б тимот на Реал Мадрид). Еден од талентите во Кастилја е и неговиот син Тео, кој тргна по стапките на браќата Енцо и Лука, кои исто така во одреден период беа во Реал, клубот во кој нивниот славен татко ја заврши кариерата.

Те, кој е висок 195 сантиметри и игра во средниот ред, еднаш тренираше со првиот тим на Реал и во октомври 2019 година, кога тимот беше преполовен поради отсуство на играчите кои беа со своите репрезентации. Тео Зидан се роди три дена по незаборавниот гол на Зинедин во финалето на ЛШ против Баер Леверкузен во 2002 година.

- Оглас -

Најнови вести