Реал објави детали околу повредата на Модриќ

Лука Модриќ се повреди во последната минута од дуелот на Хрватска против Велс и капитенот на Коцкестите мораше да биде заменет. По една акција на Велс, Модриќ во обид да го сопре противникот направи фаул поради кој доби жолт картон, но и доби удар со колено во мускулот.

„Добив удар во мускулот кој навистина боли. Повреден сум, но се надевам дека не е ништо сериозно и дека по неколку дена мирување ќе бидам подготвен повторно да се вратам на теренот“, рече Модриќ по мечот.

Хрватот се врати во Мадрид, каде му беа направени дополнителни тестови, а лекарите на Кралскиот клуб излегоа со констатација: „По направените тестови, на Модриќ му е дијагностициран голем оток во подрачјето кај квадрицепсот. Во тек е процес за негово закрепнување“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Реал Мадрид на 19 октомври гостува кај Мајорка, а само една недела подоцна следи големото дерби и тоа на гости кај Барселона. Сите во Кралскиот клуб се надеваат дека Модриќ ќе биде подготвен за „Ел Класико“.

 

- Оглас -

Најнови вести