Реал освојува титули, тој со медалите стои отфрлен од сите, а сега се јави со реакција

Реал Мадрид синоќа го прослави јубилејното 20-то освојување на Купот на Шпанија, откако во финалето со 2:1 славеше над Осасуна. Ова е прв трофеј на Кралевите во Купот по пауза од девет години.

По завршување на мечот, на стадионот во Севилја започна фешта во која мадриѓани се радуваа на нов трофеј. Од сите фудбалери на Реал, единствено Еден Азар делуваше несреќно и отфрлено од екипата.

Најскапото засилување во историјата на Реал одигра само еден меч во Купот, но и тоа беше доволно да се закити со златен медал. Во финалето, Азар беше на клупата за резерви.

По завршување на финалето, Азар најави дека нема намера да си замине од Реал додека не му истече договорот, а тоа е во јуни 2024 година.

„Искрено планирам да останам во Реал Мадрид и следната сезона. Сакам да останам за да можам да ја прославам последната сезона од договорот. Сакам да играм и да се борам за место во првиот тим“, рече Азар кој според договорот годишно заработува 27 милиони евра по сезона и е убедливо најскапоплатен фудбалер на Кралевите.

 

- Оглас -

Најнови вести