Реал повторно го пушти Дијас на позајмица во Милан

Милан ја потврди позајмицата на Брахим Дијас, младиот шпански офанзивец од Реал Мадрид. Росонерите исплатија три милиони евра за двегодишната позајмица на Дијас, кој и во ланската сезона ги бранеше боите на седумкратниот европски првак.

Во трансферот е вклучена клаузула за откуп на договорот на Дијас во вредност од 22 милиони евра, што значи дека фудбалерот по сезоната 2022/23 ќе може целосно да се пресели во Милано. Инаку и Реал стави клаузула за откуп назад за сума од 27 милиони евра.

Дијас во ланската сезона одигра вкупно 39 натпревари со учинок од седум гола и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести