Реал пронајде фудбалер за следната сезона, има 22 години и вреди 70 милиони евра

Реал Мадрид започна со креирањето на тимот за следната сезона. Засилување за одбранбената линија, односно на позицијата лев бек треба да биде Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен. Репрезентативецот на Канада има 22 години, а според „Трансфермаркет“ вреди 70 милиони евра.

Дејвис има договор со Баерн до 2030 година, но пред извесен период изјави дека се чувствува осамено во Минхен и дека сака да си замине. Тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Трансферот на Дејвис во Кралскиот клуб веројатно ќе значи дека Менди ќе си замине од Реал.

- Оглас -

Најнови вести