Реал против Хетафе ја имаше најдобрата одбрана во последните 17 години!

Реал Мадрид со 2:0 го победи Хетафе и се доближи само на пет бода зад лидерот Атлетико Мадрид во Примера дивисион. Кралскиот клуб има големи проблеми со повредени играчи, па поради најразлични причини не можеше да смета дури на деветмина првотимци, но тренерот Зинедин Зидан успеа да направи тим кој ќе го добие дуелот со градскиот ривал.

Актуелниот шпански првак не само што победи, туку синоќа одигра маестрално во одбраната. Во чудна формација 3-4-3, Реал на Хетафе му дозволи да упати само еден удар кон голот на Тибо Куртоа и тој беше непрецизен.

Статистиката покажува дека од сезоната 2003/04 досега Хетафе е тимот кој упатил најмалку удари кон голот на Реал во 90 минути игра.

 

- Оглас -

Најнови вести