Реал против Рома да докаже дека тимот не бил само Роналдо

Реал Мадрид создаде доминација каква што не се памти откако е формирана Лигата на шампиони. Кралскиот клуб три сезони по ред се искачува на европскиот трон, а вечерва ќе го започне походот кон четвртиот пехар во низа.

Првиот предизвик на мадриѓаните ќе им биде Рома. Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ започнува во 21 часот. Многумина ова го нарекуваат почеток на нова ера за Реал, ера без Кристијано Роналдо во составот. Предводникот на „кралевите“ во изминативе неколку сезони летово си замина и сега најтрофејниот европски клуб е пред голем тест. Треба да докаже дека играта на екипата не зависела само од Кристијано.

Освен Роналдо, во Реал го нема ниту тренерот Зинедин Зидан, кој од клупата беше предводникот во претходните три сезони. Со Зидан на чело, Реал немаше ниту една елиминација и заврши со перфектен биланс од три трофеи. На местото на Зидан дојде Хулен Лопетеги, кој е под притисок бидејќи сите очекуваат Реал да го задржи високиот ритам на игра.

Рома е тим кој минатата сезона покажа дека има потенцијал за висок дострел. „Римската волчица“ лани стигна до полуфиналето во ЛШ, каде што само за еден гол беше елиминирана од Ливерпул и не дочека финале против Реал. Римјани немаат големи промени во тимот и се очекува да покажат дека може да бидат достоен ривал на актуелниот првак, иако средбата се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако го нема Роналдо во Реал, мадриѓаните се големи фаворити и се очекува со победа да стартуваат во новата сезона. Во SPORT LIFE обложувалниците коефициентот за победа на домаќините е 1.33, додека ремито вреди 5,75. Малку веројатно е дека Рома може да направи сензација на „Сантијаго Бернабеу“, па затоа „двојката“ е со коефициент 8.00.

И Реал и Рома се познати по офанзивната игра, па се очекува гледачите да се радуваат на погодоци. Дека ќе има 0-2 голови коефициентот е 3.30, а за 4+ варијанта се дава коефициент 1.85.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

* Овие два тима досега во ЛШ се сретнале 10 пати. Реал има шест победи, Рома се радувала три пати, а еден меч завршил без победник. Гол разликата е 19:9 во корист на мадриѓани.

* Реал во дуелите со италијанските ривали има 35 победи, 11 нерешени и 26 порази, додека Рома против екипи кои доаѓаат од Шпанија на 32 средби има 11 победи, 16 порази и пет нерешени.

* Рома во елитната лига на УЕФА може да се пофали само со едно финале, додека Реал е рекордер со 13 титули.

* На „Сантијаго Бернабеу“ Реал има 34 победи во последните 42 средби. Во овој период има само два порази, и тоа од Шалке (4-3 во 2015) и минатата сезона од Јувентус (1-3).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести