Реал се пофали, а може да остане без ниедна титула: Непоразени сме 17 меча по ред (Фото)

Реал Мадрид е во интересна ситуација и може да остане без ниту една титула сезонава, иако е во одлична серија без пораз од 30 јануари во сите натпреварувања.

Последен клуб што го надигра и го победи е Леванте, и тоа на гостински терен со 2:1, на меч на кој и нашиот репрезентативец Енис Барди учествуваше во големиот триумф на гостите од Валенсија.

Вечерва Реал Мадрид ремизираше со Челзи, 1:1, во првиот полуфинален натпревар од двомечот во Лигата на шампионите и е во ситуација да не освои ниту еден пехар сезонава.

Во Ла Лига се на третото место со 71 бод, два зад Атлетико Мадрид, а и Барселона може да ги претрка и да биде пред нив за три бода ако го добие заостанатиот меч со Гранада на домашен терен.

Сепак, на официјалниот твитер-профил на клубот од Реал Мадрид се пофалија дека серијата без пораз што трае веќе 17 натпревари во сите конкуренции продолжи и вечерва со ремито против Челзи.

Реваншот е на 5 мај, па одлуката за финалистот што ќе игра за пехарот во ЛШ ќе падне во Лондон.

Во Ла Лига, Реал има уште пет натпревари за доигрување до крајот на сезоната и не е топ-фаворит за титулата во конкуренција со Атлетико Мадрид и Барса, па и Севилја, која има 70 бода.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести