Реал си дочека шанса, реми и победа против Селта ги носи пред Барса по повеќе од две години

Реал Мадрид си дочека шанса да биде пред Барселона, по цели 27 месеци, но им треба победа, или реми денеска од 17 часот во Виго против Селта, за да ја прекинат лошата серија.

Периодот од повеќе од две години може да биде прекинат веднаш на премиерата за Реал Мадрид во новото издание на Ла Лига, по поразот на шампионот Барселона, вчера во Билбао од Атлетик со 0:1.

Шансата е како зицер, бидејќи Реал игра одлично против Селта, без разлика дали тоа е на „Балаидос“ во Виго, или на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и има серија од 10 меча без пораз против денешниот ривал.

Последен пат Селта славеше против „кралевите“ во мај 2014 година, кога како домаќин победи со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести