Реал „смрзна“ во Памплона: Не се победува со само еден директен шут за 90 минути

Реал Мадрид освои само еден бод на тешкото гостување кај Осасуна во Памплона, играјќи 0:0. Иако играше на гости, Кралскиот клуб беше фаворит против тимот кој е на претпоследното место во Примера дивисион. Сепак, на крајот, избраниците на тренерот Зинедин Зидан не одиграа на посакуваното ниво и мораа да се задоволат со само еден освоен бод.

Во текот на целиот меч, Реал имаше преку 70 отсто посед на топка, но гостите упатија само еден директен прецизен удар кон голот на Осасуна, тој преку Асенсио во 49 минута. Домаќините добро се бранеа и подобро се снајдоа на лошото снежно време.

За Реал ова е второ реми на гости против аутсајдер за само 10 дена. Претходно шпанскиот првак одигра 1:1 кај Елче, а сега не го скрши отпорот ни на Осасуна. Реал сега има 37 бодови од 18 меча, додека лидерот Атлетико Мадрид е со 38 бода од само 15 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести