По победата над Бетис, екипата на Реал Сосиедад го презеде првото место во шпанската Ла Лига, но тоа и не е баш најдобра вест за баскискиот тим ако се знае што им се случува на лидерите сезонава. Сите тимови кои колото го завршуваа како први, губеа во следното коло.
Во следното коло, в недела (25 октомври) од 21 часот, Реал Сосиедад игра дома со Уеска. Според секоја логика, домашните би требало да победат или да не загубат. Уеска во шест меча не знае за победа, но има пет нерешени. Но, низата на порази на лидерите е многу опасна. И за Реал Мадрид, кој беше прв во пресрет на ова коло викендов, никој не веруваше дека може да загуби дома од Кадис.
Доколку верувате дека црната серија на првопласираните ќе продолжи, запаметете: следниот викенд треба да се игра на Уеска против Реал Сосиедад, коефициентот сигурно ќе биде голем.
По првото, додуша некомплетно коло во Примера дивизија, првото место го зазеде Валенсија. Но, во второто коло Лилјаците загубија. Челната позиција ја презеде Гранада, но загубија во третото коло и врвот му го препуштија на Бетис. Лидерството на Бетис исто така траеше само до четвртото коло, во кое Бетис беше поразен, па редот да се искачи на прво место му дојде на Хетафе. Се разбира дека во петтото коло Хетафе загуби и Реал Мадрид дојде до прво место. Кога се чинеше дека традицијата ќе биде прекината, и Реал загуби на шокантен начин.
Сега прв е Реал Сосиедад и ова е историја во Шпанија. Никогаш порано не се случило во првите шест кола да има шест различни лидери на табелата.