Реал треба да се плаши, Лапорта сака да се кандидира за претседател на Барса

Човекот кој од 2003 до 2010 година беше претседател на Барселона, каталонскиот политичар и бизнисмен Жоан Лапорта, планира да се кандидира на изборите во Барса во 2021 година. Ако повторно биде избран за прв човек на клубот, Лапорта најавува дека ќе го врати Пеп Гвардиола на тренерската позиција.

Во 2009 година, Барселона со Гвардиола ги освои сите шест можни трофеи во една сезона. Во времето додека Лапорта беше предводник на Барса, тимот освои две титули европски првак, но Лапорта ќе привлекува глалсови и со изјавата дека додека тој бил претседател, Реал Мадрид никогаш не ја освои Лигата на шампионите.

Лапорта во 2008 година му даде шанса на Гвардиола да стане прв тренер по заминувањето на Франк Рајкард. Тоа се покажа одличен потег и Гвардиола внесе револуција во фудбалот применувајќи ја познатата „тики-така“.

Ако не успее да го убеди Пеп да се врати на клупата на Барселона, втора опција на Лапорта е Чави, но Лапорта се сомнева дали ексфудбалерот е подготвен.

„Чави веќе е тренер, живее за фудбалот и тој ќе одлучи кога е вистински момент. Мора да одлучи дали може да тренира некои момци со коишто играл заедно. Тоа не е лесно“, вели Лапорта.

На сегашниот претседател Хосеп Марија Бартомеу мандатот му истекува наредното лето, а засега единствен официјален кандидат за претседател е Виктор Фонт, кој најавува дека ќе го постави Чави за тренер.

- Оглас -

Најнови вести