Реал тргна во битка по дождот во Мадрид – Бензема погоди за 1:1 (Видео)

Реал Мадрид се разбуди со дождот и успеа да израмни против Челзи со погодокот на Карим Бензема во 29-тата минута. Најдобриот стрелец на шпанскиот клуб уште еднаш ја покажа врвната голгетерска класа и погоди на атрактивен начин за 1:1.

https://twitter.com/D9INE_FINAL1/status/1387127015904481281?s=20

Претходно, Кристијан Пулишиќ со гол во 14-тата минута му донесе предност на Челзи во првото полуфинале во Лигата на шампионите.

Во Мадрид врне силен дожд, а мечот во првиот половина час беше одличен, со неколку шанси на двете страни и по еден гол во мрежата на Тибо Куртоа и на Едуард Менди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести