Реал за четири минути го реши Кадис

Фудбалерите на Реал Мадрид со 2:0 славеа на гостувањето кај Кадис во рамки на 29-то коло во Ла Лига, а дилемите околу победникот ги решија за четири минути.

Кралевите во првото полувреме не успеаја да го пробијат бункерот на домашните фудбалери кои повеќе од 60-тина минути успеваа да одолеат на нападите. Притоа и тие се заканија кон голот на Тибо Куртоа, ја погодија стативата, но, на крајот Реал ги освои бодовите.

Избраниците на Карло Анчелоти, во 72-та минута конечно успеаја да ја пробијат одбраната на Кадис и преку Начо Фернандес кој постигна одлучен гол од 20-тина метри, го отворија резулатот. Дилемите околу победникот беа решени само четири минути подоцна благодарение на Марко Асенсио.

Реал Мадрид сега има 62 освоени бода, десет помалку од лидерот Барселона, која утре игра против Хетафе, додека Кадис е 15-ти на табелата со 31 освоен бод.

- Оглас -

Најнови вести