Реал заборави на клаузулата од трансферот на Бејл, Тотенхем ги потсети

Реал Мадрид ќе мора да го испочитува условот на кој речиси да заборави во текот на летните подготовки да одигра пријателски дуел против Тотенхем како клаузула од неговиот трансфер од 2013 година.

Петлите оваа клаузула ја поставија кога им го продаваа Бејл за 100 милиони евра на Кралевите, додека тој е член на Реал, двете екипи да ги одмерат силите во контролка. Бидејќи Бејл се врати во шпанската престолнина по позајмицата во Тотенхем и воедно влезе во последната година од договорот, овој услов мора да се испочитува во наредниот период.

Управата на Петлите веќе исконтактира со Реал за да потсети дека треба да договорат контролен меч, за кој треба да се најде соодветен датум да се одигра.

- Оглас -

Најнови вести