Реален тикет – Убаво изгледа германската 30-ка на Александар Васоски

1804 Борусија Дортмунд – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Ова ќе биде предигра за куп-финалето на 13. мај во Берлин, а предност ќе има Лајпциг, бидејќи денеска ќе може да одмори дел од главните адути.

За нив главната битка против Борусија е за пет дена на „Олимпискиот“ стадион во Берлин во битка за вредниот пехар. За разлика од нив тимот од Дортмунд не може да калкулира и мора и денеска да оди на победа.

Милионерите се на петтото место во Бундеслигата, едно ниво под зоната што води во Лигата на шампионите и не смеат да губат бодови. Лајпциг е комотен на втората позиција и доволен му е само еден бод во последните три кола за да игра во Лигата на шампионите.

Титулата не можат да ја освојат, Баерн речиси сигурно ќе биде шампион, па Лајпциг има идеална ситуација поодморен од денешниот ривал да го чека финалето во популарниот ДФБ покал.

Борусија има одлична традиција против Лајпциг без пораз на последните шест меѓусебни натпревари и очекувам да ја продолжат серијата.

Предлог тип: 1&3+ (3.00)

 

1805 Хофенхајм – Шалке 04 (Сабота, 15.30 часот)

Брутална е сликата со здравствениот билтен кај двете екипи, па Хофенхајм ќе игра без 10 фудбалери, а кај Шалке 04 има дури 11 отсутни.

Тимот од Гелзенкирхен е во вистински хаос и испаѓа од Бундеслигата, па атмосферата е лоша, што може да го искористи Хофенхајм за убедлива победа.

На домаќините им требаат бодовите за да си го осигураат опстанокот во Лигата и очекувам тоа да го сторат во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&3+ (1.63)

 

1608 Вердер – Баер Леверкузен (Сабота, 15.30 часот)

Вердер прошушти златна шанса во драматично полуфинале против Лајпциг да си обезбеди билет за Берлин и меч за куп-пехарот против Борусија Дортмунд.

Примија гол во 121. минута и беа елиминирани, што секако ќе се одрази на тимот на психолошки план, иако Германците се дисциплинирани и ќе се обидат брзо да го заборават шокот што го доживеаа во првата минута од судиското продолжение во двочасовната битка со Лајпциг.

Тоа им е само сол на рана на лошите настапи во Бундеслигата, каде имаат четири порази по ред, а според квалитетот на Баер им следи и петти.

Фармацевтите од Леверкузен имаат само минимални шанси за настап во Лигата на шампионите, но нема да се предадат додека постои надеж за подвиг.

Предлог тип: 2 (2.02) Супер тип на Sport Life

 

1807 Волфсбург – Унион Берлин (Сабота, 15.30 часот)

Волфсбург има одлична позиција, добар распоред и идеален ривал за да се доближи до голем успех и настап во Лигата на шампионите. Волците се трети со еден бод пред Ајнтрахт и два повеќе од Борусија Дортмунд, па можат со триумф против Унион Берлин поспокојно да ги чекаат последните две кола.

На рака им одат и проблемите на Унион, екипа што е хит во Бундеслигата, но денеска ќе игра без 8 фудбалери на „Фолксваген арена“.

И тие се надеваат на победа што би ги оставила во игра за настап во Европа Лигата, но не верувам дека ќе успеат да го изненадат одличниот Волфсбург, кој е еден од најдобрите домаќини сезонава во Бундеслигата.

Предлог тип: 1 (1.82)

 

1808 Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 18.30 часот)

Баерн денеска и официјално може да ја освои 31-та титула во Бундеслигата, пехарот е подготвен за да се најде во рацете на фудбалерите на најдобрата германска екипа, а за спектакл имаат и противник по мерка.

Борусија Менхенгладбах е многу атрактивна екипа, секогаш погодтвена за офанзива, па не би ме изненадило да гледаме фудбалска фешта со многу голови.

Баерн сака во голем стил да ја прослави титулата, на гостите им треба победа за да останат во игра за европски настап, што ветува спектакуларен меч на кој често ќе се тресат мрежите.

Предлог тип: 4+ (1.68)

 

- Оглас -

Најнови вести