Реалност или само нечија фантазија? Нема место за Роналдо во најскапиот тим во ЛШ

Многу реакции предизвика изборот на германскиот сајт „Трансфермаркт“ на најскапата идеална постава од фудбалери кои останаа во игра за титулата во Лигата на шампионите.

Сајтот е специјализиран за проценка на  вредноста на фудбалерите, што сепак не значи дека сумите се реални. Реакциите најмногу се однесуваат на изоставувањето на Кристијано Роналдо од идеалните 11, а според коментарите на социјалните мрежи, и потценувањето на Лионел Меси.

Аргентинецот е најскап и проценет на 160 милиони евра, а остри се коментарите со најчесто поставуваното прашање. Зарем разликата меѓу Меси и Кејн е само 10 милиони евра?

Само за потсетување, отштетната клаузула за Аргентинецот вклучена во неговиот актуелен договор со Барселона е 700 милиони евра. Кејн го продолжи договорот со Тотенхем до 2024 година, без да се вклучи и отштетна клаузула во него.

- Оглас -

Најнови вести