Ребека Велч ќе биде првата жена која ќе суди натпревар во Премиер лигата

Англиската судијка Ребека Велч ќе испише историја, таа ќе биде првата жена која ќе суди натпревар во Премиер лигата, објави денеска Англиската фудбалска федерација.

Четириесетгодишната Велч е делегирана да биде главен судија на натпреварот меѓу Фулам и Барнли, кој ќе се игра на 23 декември во Лондон.

Таа е 2015 година на листата на ФИФА на меѓународни судијки, а годинава судеше на натпреварите од Светското првенство во женска конкуренција.

 

Велч има искуство од судење натпревари на машки екипи, досега ја делела правдата на натпревари во ФА и Лига купот, а во Премиер лигата на дуелот, кој се играше на четврти ноември меѓу Фулам и Манчестер јунајтед беше четврти судија.

- Оглас -

Најнови вести