Ребиќ се распука – Со голови му носи бодови на Милан

Анте Ребиќ е во топ-форма и со голови му носи бодови на Милан во битката за излез во Европа. Хрватскиот напаѓач беше прецизен во 25-тата минута на дуелот со Торино и со тој погодок Росонерите славеа победа од 1:0.

Ребиќ се разигра во 2020 година и на последните седум меча постигна шест голови за Милан. Росонерите по шест меча во Серија А успеаја да ги надиграат популарните Бикови, а неодамна двете екипи играа во четвртфиналето на Италијанскиот куп и Милан славеше со 4:2, но дури по продолженија.

Со оваа победа црвено-црните се на осмото место со 35 бода, колку што имаат и Верона и Парма, но со подобра гол-разлика.

Торино со петтиот пораз по ред во Калчото падна на 14-тото место со 27 бода.

- Оглас -

Најнови вести