„Ред Бул“ ја шири империјата, по успесите со Салцбург и Лајпциг, купува уште еден клуб

Компанијата „Ред Бул“ прави одлична работа во фудбалските клубови кои ги поседува, а сега планира да се прошири и во Данска, поточно да го купи и клубот Брондби.

Црвениот бик чиј прв човек е австрискиот милијардер Дитрих Матешиц, со Салцбург воспостави доминација во австрискиот фудбал, влезе во Лигата на шампионите, а од таму во Борусија Дортмунд се пресели еден од најталентираните играчи во Европа, Ерлинг Браут Халанд. Во Германија е уште поуспешен, клубот Лајпциг е лидер на Бундеслигата и му претстојат осминафинални дуели со Тотенхем во ЛШ.

Според данските медиуми, „Ред Бул“ се подготвува да го купи тамошниот великан Брондби. Десеткратниот дански првак од поодамна е во криза, од 2005 не биле прваци, а минатата сезона ја заврши на четвртото место во домашното првенство. Дали со евентуалниот влез на „Ред Бул“ во Брондби ќе запре доминацијата на Копенхаген, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести