Ред Бул не знае за доста, “еден-два“ победа на Ферстапен и Перес

Екипата на Ред Бул ја забележа и 12-тата победа на исто толку трки оваа сезона, или вкупно 13-та во серија, отако Ферстапен победи и на патеката Спа Франкошамп која се возеше за ГН на Белгија.

Холандскиот возач тргна од шесттата позиција, но и тоа не беше пречка за лесно да стигне до лидерското место и до крајот рутински да го задржи. Големата победа на Ред Бул ја комплетираше Серхио Перес со освојувањето на втората позиција. Подиумот го комплетираше возачот на Ферари, Чарлс Леклер.

https://twitter.com/F1/status/1685658130686816257?s=20

За Макс Ферстапен ова беше 10-та победа оваа сезона, односно осма во серија и потребна му е само уште една за го израмни рекордот на Фетел со девет победи по ред.

Во бодови завршија уште и Хамилтон, Алонсо, Расел, Норис, Окон, Строл и Цунода.

- Оглас -

Најнови вести