Ред Бул кога сака, може да го купи Кристијано Роналдо!

Компанијата Ред Бул откако во 2005 година реши да влезе во светот на фудбалот и го купи австрискиот клуб Салцбург, вложи многу пари во фудбалот, а клубот од сезона во сезона бележи сè подобри резултати. Ред Бул го купи и Лајпциг, уште еден клуб кој за неколку години има неверојатен успех благодарение на вложувањата на богатиот спонзор.

Германскиот фудбалер Оливер Крагл, кој две години играше во Австрија, а сега е во Беневенто, на Италијанците им кажа како е да се има финансиски моќен спонзор како Ред Бул.

„Ред Бул вложи многу пари, јас го видов тоа додека играв во Австрија. Салцбург и Лајпциг беа одлични во Лигата на шампионите. Ред Бул ако сака, може уште утре да го донесе Кристијано Роналдо во своите редови. Парите не им се проблем, а ме воодушевува што одат чекор по чекор и вложуваат во млади играчи, не купуваат скапи ѕвезди. Не сакаат да направат тим кој ќе блесне една сезона и потоа ќе го снема од сцената“, вели Крагл.

- Оглас -

Најнови вести