Ред Бул подготвува огромен договор – Само еден спортист ќе има поголеми примања од Ферстапен

Макс Ферстапен ја освои својата прва титула во шампионатот на Формула 1, а драмата од патеката „Јас марина“ во Абу Даби е веќе добро позната.

Ред Бул планира да го награди Холанѓанецот и да го направи најплатен возач во Формула 1 откако наводно ќе му понуди договор од 50 милиони евра по сезона. Ферстапен и неговите агенти се согласиле на таков договор и сега се одработуваат завршните детали.

Макс ќе биде најплатениот Ф1 возач и ќе има примања повисоки и од Луис Хамилтон, кој заработува околу 45 милиони евра. Додека во светот на спортот, Ферстапен ќе биде на второто место бидејќи убедливо прв е боксерот Кањело Алварез, кој зема околу 65 милиони евра по година во договорот со медиумскиот гигант ДАЗН.

На третото место е кошаркарот Стеф Кари од Голден стејт ворирорс, којшто има годишни примања од 46 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести