Реднап знае кој ќе биде првак во Премиер лигата

Хари Реднап, некогашниот тренер на Тотенхем, во својата анализа за досега одиграното првенство во Англија вели дека еден клуб се покажал како главен фаворит за титулата, а тоа е Манчестер сити. Според Реднап, до последното коло ќе се води борба за место во Топ 4 на табелата, а посебно го пофали Лестер на Брендон Роџерс.

„Видовме исклучиво возбудливи мечеви и тоа е на задоволство на навивачите. Сепак, мислам дека Манчестер сити ќе стане шампион и мислам дека тоа го заслужува затоа што имаат многу квалитетни играчи. Мислам дека Ливерпул има мали шанси да ја одбрани титулата. За Челзи не знам дали ќе заврши во Топ 4, но мислам дека смената на Лампард е погрешен потег“, анализира Реднап.

Докажаниот стратег вели дека ако треба да направи распоред за тоа како ќе завршат клубовите на табелата, во ниту еден момент во Топ 4 не ги става Челзи и Арсенал. „Ако треба да направам распоред, тоа ќе биде вака: Манчестер сити прв, а потоа Ливерпул, Манчестер јунајтед, а за четвртото место ќе се борат Лестер и Тотенхем. Ќе ми биде мило ако Лестер го видам повторно во Лигата на шампиони“, додаде Реднап.

 

- Оглас -

Најнови вести