Милан со 3-1 го победи Фрозиноне и не дозволи да му биде загрозено третото место на табелата во италијанската Серија А на кое Росонерите се наоѓаат во моментов.
Првиот гол со кој се отвори резултатот беше дело на Србинот Лука Јовиќ. За него ова е прв погодок во дресот на Милан откако летоска потпиша за овој клуб. Подоцна Јовиќ имаше и асистенција при третиот гол на Милан, па може да се каже дека ова му е најдобра партија во црвено-црниот дрес на гигантот од Милано.
Luka Jovic’s first goal for #ACMilan against Frosinone! #MilanFrosinone
pic.twitter.com/N1O0xCZFCC— Milan Empire (@MilanEmpire) December 2, 2023
Асистенција имаше и голманот Мајк Маињан, кој трета сезона по ред има барем по едно додавање по кое неговиот тим дал гол.
Ова е голот на Пулишиќ по одличното долго додавање од голманот:
Pulisic’s goal against Frosinone ⚽️#MilanFrosinone
pic.twitter.com/QAozEvAXuj— Milan Empire (@MilanEmpire) December 2, 2023