Редно е Реал Мадрид да даде гол и во прво полувреме

Реал Сосиедад – Гранада (фудбал, Шпанија, 19.30 часот)

Тимот од Сан Себастијан се бори за место во Лигата на Европа, има четири бода повеќе од Гранада, па гостите ако загубат, остануваат без излез на европска сцена. Но, гостите не се без шанса, ќе се обидат да соберат некој бод плус пред следниот меч кој им е против мадридскиот Реал. Проблем за двата тима е што имаат по пет повредени играчи. Гранада од 8 февруари нема лигашки пораз на гостински терен. Традицијата најавува меч со 2-3 гола, како што завршија нивните последните осум пресметки.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Реал Мадрид – Алавес (фудбал, Шпанија, 22.00 часот)

Ова е меч кој може да го доближи Реал уште еден чекор кон титулата и домашните се големи фаворити, иако нема да сметаат на Рамос, Карвахал и Марсело. Реал и со пораз останува лидер, но со победа ќе си ја олесни работата во финишот на сезоната. На последните два меча, Кралскиот клуб во второто полувреме со голови од пенал го кршеше отпорот на противниците, а овојпат типуваме дека тимот на Зидан ќе даде барем еден гол и во првите 45 минути. Алавес има пет порази по ред и го смени тренерот. Алавес во последните 20 години ги загуби сите гостувања кај Реал и сите порази беа барем со два гола разлика.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (1.62)

 

Фулам – Кардиф (фудбал, Англија 2, 21.15 часот)

Фулам има три победи по ред и ако ја продолжи низата, ќе си обезбеди плејоф за влез во Премиер лигата. Велшаните се на шестото место, кое исто така води во плејофот, но пораз можеби ќе ги симне од таа позиција бидејќи зад нив има три тима од кои може да бидат стигнати или престигнати. Овие два тима во 2019 година играа двапати и двапати беше 0-2 гола. Кардиф е опасен гостин, но не и кога гостува кај Фулам, таму не славеле од 2013 година.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

Читадела – Кротоне (фудбал, Италија 2, 21.00 часот).

Ова е дерби во Серија Б бидејќи играат четвртиот и вториот на табелата. Кротоне има три бода предност, но тоа не значи ништо на осум кола до крајот. Интересно е што последните пет меча на Читадела завршија со 2-0 (трипати победија и двапати загубија со тој резултат). Кротоне нема дадено гол на последните три гостувања во Читадела. Овие тимови често играат нерешено во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.40)

 

Спортинг Лисабон – Санта Клара (фудбал, Португалија, 20.15 часот)

Спортинг има прилика да се зацврсти на третото место бидејќи на гости им доаѓа тим кој има два порази едноподруго. Санта Клара е најнеефикасен тим во горната половина на табелата, а тие во последните 20 години ги загубија сите дуели против Спортинг. Во декември како гости беа убедливи 4-0, а и Ристовски беше во тимот на Лавовите. Спортинг дома ретко прима повеќе од еден гол, типуваме на домашните.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Реал Сосиедад – Гранада ГГ прво/второ (2.55)

Спортинг Лисабон – Санта Клара 1Х & ГГ (2.55)

Реал Мадрид – Алавес 1-1 & 2-5 (2.45)

- Оглас -

Најнови вести