Реформи во Лигата на нациите, мора да се спаси Германија

Иако само пред една година стартуваше новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации е подготвена за реформи. Во новата сезона од ова натпреварување се очекува да има друг систем и повеќе натпревари во групата А. Ваквите промени се најмногу поради испаѓањето на Германија од елитниот Сегмент А во Сегментот Б. За да се задржи Германија во Сегментот А, се подготвува негово проширување од 12 на 16 селекции.

Освен Германија, во тој случај ќе ќарат и Полска, Хрватска и Исланд, кои испаднаа од Сегментот А, но во овој случај ќе го задржат местото во елитата. Меѓу најдобрите ќе се приклучат и првопласираните од Сегментот Б во првата сезона, а тоа се Босна и Херцеговина, Украина, Шведска и Данска.

Второто издание на Лигата на нациите ќе се игра следната година во есен, а засега не се знае дали тие резултати ќе имаат влијание и за во квалификациите за СП 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести